Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ го напуштил Институтот за хематологија, откако клубот објави дека резултатите од анти-вирусната терапија биле одлични.
Михајловиќ на терапија бил од 27 јануари, а медиумите во Италија тврдат дека тој правел напори да го предводи својот тим вечерва против Рома на „Олимпико“.
Од друга страна лекарскиот конзилиум смета дека Михајловиќ не би требало веднаш по завршувањето на терапијата да се врати на работното место.
Сигурно е дека неговото присуство на клупата би бил голем поттик за фудбалерите на Болоња да забележат позитивен резултат против разнишаната Рома.
Мечот на „Олимпико“ ќе започне во 20.45 часот.