Top Sport

Михајловиќ повторно мора да оди на хемотерапија

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, повторно ќе мора да биде хоспитализиран. Тој потврди дека му се вратила болеста која му беше дијагностицирана пред две и пол години.

Синиша Михајловиќ, во 2019 година, откри дека боледува од акутна леукемија. После три серии хемотерапија му беше пресадена коскена срцевина и делуваше дека неговата здравствена состојба е добра.

На вонредна прес конференција, српскиот тренер потврдил дека мора повторно да се лекува. Италијанските медиуми објавија дека, Михајловиќ, во своето обраќање делувал смирено и самоуверено.

„На почетокот на наредната недела морам да одам во болница. За разлика од пред две и пол години, сега знам што треба да направам. Лекарите се надеваат дека нема долго да останам, мислам дека ќе пропуштам само неколку натпревари“, изјавил Михајловиќ.

„Овој пат, да се изразам со фудбалски речник, нема да го фаулирам противникот, туку храбро ќе одам напред. Оваа болест е многу храбра, се врати да се соочи со еден тежок противник каков што сум јас“.

Scroll to Top