Top Sport

Селекторот Милевски, Трајковски и Барди ќе добијат дипломатски пасоши

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски и репрезентативците Александар Трајковски и Енис Барди ќе добијат дипломатски пасоши.

Фудбалерите, во четвртокот, ја победија Италија во Палермо со 1:0. Голот на Александар Трајковски во 92.минута ја однесе Македонија во финалето на баражот.

Селекторот, стрелецот на голот и еден од нашите најдобри фудбалери ќе добијат дипломатски пасоши, потврди министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Македонските фудбалери, утре ќе заминат за Порто, каде во вторник од 20.45 часот, против Португалија ќе се бора за место на Светското првенство во Катар.

Фото/Фудбалска федерација на Македонија (ffm.mk)

Scroll to Top