Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, не ја исклучува можноста Жозе Мурињо да се врати на тренерската функција во „кралскиот клуб“.
Португалецот, по две и пол години, доби отказ во Манчестер Јунајтед, поради лошите резултати, а во слична ситуација со резултатите се наоѓа и Реал. „Кралскиот клуб“ веќе го отпушти тренерот Хулен Лоптеги, а на неговото место го назначи Сантијаго Солари.
Иако потпиша договор, јасно е дека Солари е само преодно решение во Реал.
„Не можам процентуално да ги одредам шансите, можноста да се врати е голема. Зошто ова го говорам? Поради тоа што претседателот (Флорентино Перез) го сака Мурињо и мислам дека го контактира секој пат кога клубот го менува тренерот“, рекол Мијатовиќ.
Жозе Мурињо го предводеше Реал од 2010 до 2013 година. Во сезоната 2011/2012 ја освои титулата во Шпанија, а во Лигата на шампионите три пати не успеа да го мине полу-финалето.