Top Sport

Мијатовиќ: Партизан ми е во срцето, но не планирам да си одам од Шпанија

Легендата на Партизан и на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ во интервју за „Танјуг“ ги отфрли шпекулациите кои го поврзувааат со позицијата на спортски директор на Партизан, велејќи дека неговата иднина е во Мадрид, каде што живее со неговото семејство.

„Жал ми е што во Партизан се случуваат работи кои не се позитивни, ниту во спортот, ниту во институциите. Информациите ги добивам преку печатот и не сум доволно информиран. Како партизановец би сакал да помогнам, но тоа бара физичка присутност. Да се води клуб како Партизан не е можно да се работи од далечина. Партизан е клуб кој секогаш и е во срцето, но мојот живот, семејно и работно е врзан за Шпанија и не планирам враќање во Србија“, вели Мијатовиќ.

Scroll to Top