Top Sport

Сензационалната „фурија“ преку Германците до големото финале на Евробаскетот

Шпанија ќе се спротистави на Франција во финалето на Евробаскетот, откако „фуријата“ иако потценувана од стартот на турнирот, успеа да се врати во последната четвртина за 96:91 победа над фаворизираната Германија.

Пред бучната публика во Берлин, двете репрезентации покажаа фантастична кошарка, и иако Шпанија имаше предност од 27:24 во првата четвртина, Германците предводени од Денис Шредер влегоа во 14:0 серија за на полувреме да отиде на 51:46. Шредер и Вагнер во третата четвртина ја однесоа Германија првпат на +10, за во последната четвртинаа да влезат со шест поени предност (71:65).

Тогаш Гаруба влезе во серија за Шпанците за да ги одднесе на +6 (83:77) користејќи ги сите грешки во играта на Германците, за во клучните моменти Шпанија да го заддржи водството.

Лоренцо Браун имаше 29 поени за Шпанија, додека Шредер заврши со 30 поени за Германија. Германците играат за бронза против Полска, додека Шпанците во големото финале ќе се судрат со фаворитите, Франција, кои претходно ги декласираа Полјаците со 41 поен разлика.

Scroll to Top