Top Sport

Просинечки: Меси е поголем и од Џордан

Тренеот на Кајзери Роберт Просинечки вели дека не постои поголем спортист од фудбалерот на Барслеона Лионел Меси.

Легендарниот хрватски фудбалер, кој во кариерата играл и за Реал и за Барселона, смета дека Меси е поголем дури и од Мајкл Џордан. Аргентинецот во кариерата постигнал повеќе од 600 голови за Барселона.

„Кошарката и фудбалот се различни спортови, но мислам дека Меси е најголемиот на сите времиња. Тој е играч кој со години прави разлика во Барселона, освои сѐ, дава голови, асистира. Игра поинаков фудбал во однос на останатите. Некои ќе речат Маредона, Роналдо…Не знам. Тое навистина беа неверојатни, тие се од некои други времиња, но за мене Меси е најдобриот“, вели Просинечки.

Тој исто така рекол дека една карактеристика е заедничка за Меси и Бразилецот Роналдо.

„Некои би рекле Кристијано Роналдо, но Бразилецот Роналдо не играше сјајно само во Барселона, туку тоа го правеше и во Интер. Тој и Меси сами ги победуваа противниците“, заклучил поранешниот селектор на Азербејџан и Босна и Херцеговина.

Scroll to Top