Top Sport

Мијатовиќ за Шукер: Давор беше невиден техничар, сјаен фудбалер!

Црногорскиот екс-фудбалер, кој светска слава доживеа во Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ ги опишуваше сите екипи и играчи каде што настапувал, а посебно дели комплименти за неговиот поранешен соиграч кај Кралевите, Хрватот Давор Шукер.

„Давор ми беше цимер 3 години во Реал. Сјаен тип, сјаен фудбалер, тој негов голгетерски капацитет беше неверојатен.Тој толку едноставно постигнуваше голови што не можев да верувам. Имаше така силни нозе и кога ќе ја примеше топката, како да ја дочекуваше топката на тело, такво нешто не сум видел. Давор беше невиден техничар, беше многу незгоден во игра еден на еден. Во Реал играше како шпиц па не го користеше тоа многу, но во хрватската репрезентација на СП во Франција 1998, да“- вели Мијатовиќ.

Шукер сега е претседател на Хрватскиот фудбалски сојуз.

Scroll to Top