Легендарниот фудбалер на Палермо, Фабрицио Миколи, по една година излезе од затвор и ќе може да почне да се занимава со тренерска работа.
Миколи беше осуден на три и пол години, но неговите адвокати успеаја да добијат драстично намалување на казната, па прославениот фудбалер од Серија А по само една година помината зад решетки повторно е на слобода.
Миленикот на навивачите на Палермо беше осуден за изнуда и за соработка со мафијата на Сицилија.
Поранешниот фудбалер правел „злосторства“ во текот на својата играчка кариера. и „рекетирал“ познат ноќен клуб во Палермо.
Сега кога е слободен, Миколи планира да започне тренерска кариера.