Top Sport

Милан доби нов капитен

Алесио Ромањоли (23) ќе го предводи Милан со капитенската лента околу раката во новата сезона. Клубот мораше да избере нов капитен откако Леонардо Бонучи реши да се врати во Јувнетус.

„Алесио Ромањоли беше единственото светло на крајот од тунелот, во овие два исклучително тешки летни месеци. Популарен е кај навивачите, одличен е соиграч и е лидер во соблекувалната. Со своето однесување потсетува на Алесандро Неста. Посдува вистински карактер. Поради тоа ја доби капитенската лента“, го објасни клубот изборот на Ромањоли.

Капитенското деби, Ромањоли, ќе го има в сабота во второто коло, во Серија А, кога Милан ќе му гостува на Наполи.

Овој 23-годишен фудбалер во Милан пристигна во 2015 година.

Scroll to Top