Top Sport

Роденденска честитка за Коби од Детроит Пистонс

Коби Брајант наполни 40 години во четвртокот. Роденденски честитки до еден од најдобрите кошаркари во историјата пристигнувале од сите страни, а некој дури се сетил и да се пошегува со славеникот.

Брајант, во кариерата, со ЛА Лејкерс освоил пет шампионски титули, но во 2004 година не успеал во големото финале против Детроит Пистонс. Таа серија Пистонски ја добија лесно со вкупен резултат 4:1.

Пистонс, на социјалните мрежи објавиле фотографии од таа серија, со честитка до Коби.

„Чувствуваме дека денес треба да се потсетиме на финалето од 2004 година“.

Поразот во таа серија значеше и крај на едно поглавје во историјата на франшизата од Лос Анџелес, бидејќи по загубената титула Шекил О’Нил беше трејдуван во Мајами Хит.

Scroll to Top