Top Sport

Потврдена е суспензијата за Паоло Гереро

Перуанецот, Паоло Гереро, ќе мора да го отслужи преостанатиот дел од казната, што му беше изречена поради позитивниот допинг тест во октомври 2017 година.

Федералниот суд во Швајцарија, во петокот, ја соопшти конечната одлука за овој случај. Гереро ќе мора да ја одработи 14-месечната суспензија.

34-годишниот напаѓач, кој пред неколку дена потпиша договор со бразилскиот Интернасионал од Порто Алегре, добил целосна поддршка од новиот клуб.

„Договорот што го потпишавме ги заштитува двете страни. Играчот ја има целосната поддршка од клубот“, се наведува во соопштението на Интернасионал.

Гереро, во октомври 2017 година бил позитивен на кокаин. Сепак, откако казната му беше „замрзната“, тој стекна право да настапи на Светското првенство во Русија.

Scroll to Top