Top Sport

Милан е заинтересиран за Клемен Ленгле

Италијанскиот калчолигаш Милан е заинтересиран за централниот дефанзивец на Барселона, Клемен Ленгле, тврди „Газета дело спорт“.

Според изданието, „росонерите“ сакаат да ја засилат одбраната и веќе размислуваат да дадат понуда за играчот кој одговара на профилот што го бараат.

Францускиот дефанзивец Ленгле има 28 години и има сериозно искуство во три силни лиги, Лига 1, Ла Лига и Премиерлигата.

Се очекува Милан да понуди околу 10 милиони евра за Ленгле, сума што треба да ја убеди Барселона на која не и треба дефанзивецот и сака да го продаде.

Минатата сезона францускиот дефанзивец играше како позајмен во Тотенхем, каде забележа 35 натпревари и постигна еден гол.

 

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');