Top Sport

Милан го договориле трансферот на Караско

Челниците на Милан конечно најдоа играч кој ќе ја засили напаѓачката линија во тимот, откако понудите од Милано ги одбија Златан Ибрахимовиќ, Алесандро Пато и Луис Мјуриел.

Според италијанските медиуми нов играч на Милан ќе стане белгискиот репрезентативец Јаник Фереира Караско.

Иако, поранешниот играч на Атлетико Мадрид не е класичен туку крилен напаѓач, треба да биде големо засилување и решение за проблемите со хроничната неефикасност што го има тимот на Гатузо.

Минатиот јануари, Караско од Атлетико замина во Кина, во екипата на Далијан Јифанг за сума од 25 милиони евра. Сега сакал да се врати во Европа, за да биде „поблиску“ до селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, во обид да го врати местото меѓу стартните 11 во националниот тим.

Клубовите договориле Караско пролетниот дел од сезоната да го мине како позајмен играч, а по завршувањето на сезоната Милан ќе треба да го откупи неговиот договор.

Далијен сезоната во Кина ја заврши на 11.место на табелата, а Караско на 25 натпревари постигна седум гола.

Scroll to Top