Top Sport

Федерер: Новак, Надал и Зверев се фаворити на АО

Роџер Федерер, во пресрет на првиот Гренд слем турнир во сезоната, Австралија опен, смета дека главни фаворити за титулата се Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Александар Зверев.

Федерер ја бранити титулата во Мелбурн и смета дека ќе има тешка задача повторно да стане шампион на Австралија опен, бидејќи „дефинитивно фаворити се Ѓоковиќ, Надал и Зверев“.

Швајцарецот ги коментирал и младите тенисери кои се обидуваат да стигнат до светскиот врв.

„Постојат момци кои што можат да се пробијат на овој тутрнир, Стефанос (Циципас) или Денис (Шаповалов), можеби и Ник (Кирјос). Но доколку ме прашувате кој ќе го освои, сметам дека тоа ќе биде некој што е во Топ 10“, изјавил Федерер.

„Младите дефинитивно напредуваат. Дали е време да освојат некој Гренд слем? Би било убаво да се случи тоа, но се надевам дека и јас ќе бидам во конкуренција и дека нема да им дозволам тоа да го направат на Австралија опен“, заклучил Швајцарецот.

Австралија опен, првиот Гренд слем во сезоната, ќе се игра од 14. до 27.јануари. Титулата ја брани Роџер Федерер.

Scroll to Top