По само една сезона во дресот на „росонерите“, португалскиот репрезентативец Андре Силва заминува од „Сан Сиро“ како позајмен играч на Севилја.
Андре Силва дојде во Милан минатата сезона и беше најавуван како огромно засилување, но не успеа да се наметне во тимот, а со Гонзало Игуаин како засилување, беше јасно дека за него нема место во плановите за новиот Милан.
Андре Силва постигна само два гола во 24 лигашки натпревари во 2018/19, иако додаде шест во Лига Европа. Според „Гол“, Севилја ќе плати 5 милиони евра за сезоната, со опција да го купи Португалецот за 30 милион иевра на крајот на сезоната.