Top Sport

ЕП атлетика: Тиам повторно „царица“ на седмобојот, Ингебригтсен ги победи браќата

Белгиската светска и олимписка шампионка, Нафаситу Тиам го освои европското злато во седмобојот, откако по тешка борба за 57 поени ја совлада својата британска ривалка, Катарина Џонсон-Томпсон.

25-годишната Тиам доминираше во скокот во далечина и во фрлањето копје, и успеа да надополни негатива од 87 поени во предност од 192 поени пред последната трка на 800 метри.

Во финалето на 1.500 метри имаше необична ситуација во која тројцата браќа Ингебригтсен, Јакоб, Филип и Хенрик беа во финалето, но само еден од нив, 17-годишниот Јакоб стигна до медал, и тоа до златниот медал. Норвежанецот триумфираше со време од 3:38.10, пред Полјакот Марсин Левандовски (3:38.14) и Британецот Џејк Вајтман (3:38.25), додека неговиот брат Хенрик беше четврти. Филип Ингебригтсен потфрли и беше 12.

Во трката на 110 метри со пречки, Французинот Паскал Мартино-Лагард стигна до фото-финиш победа со време од 13.17 пред Русинот Сергеј Шубенков. Мартин-Лагард беше бронзен од ЕП во 2014 година. 

ЕП АТЛЕТИКА, БЕРЛИН

СЕДМОБОЈ (Ж)

1.Нафисату Тиам (Бел) 6.816

2.Катарина Џонсон-Томпсон (Бри) 6.759

3.Каролин Шефер (Гер) 6.602

ФРЛАЊЕ КОПЈЕ (Ж)

1.Кристин Хусонг (Гер) 67.90 м

2.Никола Огродникова (Чеш) 61.85 м

3.Ливета Јасиуниате (Лит) 61.59 м

400 МЕТРИ СО ПРЕЧКИ (Ж)

1.Леа Шпрунгер (Шва) 54.33

2.Ана Рижикова (Укр) 54.51

3.Меган Бисли (Бри) 55.31

400 МЕТРИ (М)

1.Метју Хадсон-Смит (Бри) 44.78

2.Кевин Борле (Бел) 45.13

3.Џонатан Борле (Бел) 45.19

800 МЕТРИ (Ж)

1.Наталија Пришчепа (Укр) 2:00.38

2.Ренел Ламот (Фра) 2:00.62

3.ОлхаЉахова (Укр) 2:00.79

110 МЕТРИ СО ПРЕЧКИ (М)

1.Паскал Мартино-Лагард (Фра) 13.17

2.Сергеј Шубенков (Рус) 13.17

3.Орландо Ортега (Шпа) 13.34

1.500 МЕТРИ (М)

1.Јакоб Ингебригтсен (Нор) 3:38.10

2.Марсин Левандовски (Пол) 3:38.14

3.Џејк Вајтман (Бри) 3:38.25

Scroll to Top