Top Sport

Стојков се врати кај Пандев во Струмица!

Ацо Стојков е новото засилување на тимот на Академија Пандев, откако доби едногодишен договор со прволигашот од Струмица, кој му понуди и понатамошна соработка по крајот на кариерата.

Стојков и Горан Пандев беа дел од славната генерација на Беласица, откако и двајцата потпишаа договори со Интер во 2001 година, но за разлика од Пандев, кој уште игра во Серија А, Стојков имаше низа повреди кои му ја ограничија кариерата.

35-годишниот Стојков, кој има 41 настап за македонската репрезентација и пет постигнати голови, ќе го носи бројот 77 во дресот на Академците.

Scroll to Top