Шампионот на Италија, Милан, е заинтересиран да го доведе во своите редови фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт и француски репрезентативец, Рандал Коло Муани, пренесува италијанска „Република“.
Овој италијански весник тврди дека скаутите на Милан веруваат дека тој би можел да му помогне на сонародникот Оливие Жиру во нападот, бидејќи Дивок Ориги и Златан Ибрахимовиќ се надвор од терените поради повреди.
Коло Муани (24) настапи за Франција на Светското првенство во Катар, во полуфиналето против Мароко беше стрелец, а беше и еден од трагичарите на мундијалското финале со Аргентина, откако во последните моменти од второто продолжение при резултат 3:3 имаше колосална шанса да му донесе победа на својот тим и одбрана на титулата, но голманот на „гаучосите“ Емилијано Мартинез го одбрани неговиот удар.