Top Sport

Милан го сменија грбот поради коронавирусот (Фото)

Северна Италија во моментов е најпогодениот светски регион од коронавирусот. Фудбалскиот клуб Милан на својот профил на „Твитер“ објави слика со испраќа апел до своите навивачи да не доаѓаат во контакт со други лица додека трае пандемијата.

Поради коронавирусот великанот од „Сан Сиро“ изврши промена на клупскиот грб.

Грбот е раздвоен на три дела – црно, бело и црвено поле.

„Раздвоеноста е нова снага. Сега мораме да бидеме раздвоени за подоцна да се споиме на посебен начин“, пишува во објавата на седумкратниот европски првак.

Scroll to Top