Top Sport

„Нема подобар од Нејмар, ниту Меси нема таков квалитет“

Легендарниот бразилски фудбалер Кафу смета дека во овој момент, во светот нема подобар играч од неговиот сонародник Нејмар.

Нејмар е најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот. Пари Сен Жермен во 2017 година издвоија 222 милиони евра за трансферот на Бразилецот. Кафу верува дека неговиот сонародник е на врвот и според квалитетот.

„Кога е во прашање квалитетот не постои играч што може да е над Нејмар. Дури ни Меси кого го обожувам. Нејмар е играч што прави разлика во бразилскиот фудбал“, рекол поранешниот играч на Рома и Милан и дополнил.

„Нејмар мора да ја преземе таа одговорност. Му се допаѓало тоа или не, кога е тој на теренот осум играчи на противникот се на неговиот грб. Тоа е референца, отвора простор, секогаш е во состојба да постигнува брилијантни голови“.

Scroll to Top