Фудбалскиот репрезентативец на Хрватска, Анте Ребиќ потпиша договор со Милан до 2025 година, објавија „Росонерите“.
Во новата сезона тој на грбот ќе го носи бројот 12, откако претходно ја имаше задолжено 18-ката.
Ребиќ и минатата сезона ја помина на „Сан Сиро“, но како позајмен играч од Ајнтрахт Франкфурт. Италијанците по неговите одлични настапи одлучија да го откупат договорот.
Целата работа финализираше откако во спротивен правец отиде португалскиот фудбалер, Андре Силва.
„Милан со задоволство објавува трајно потпишување на Анте Ребиќ од Ајнтрахт по неговата позајмица во клубот минатата сезона. Договорот со хрватскиот напаѓач трае до 30 мај 2025 година. Анте го продолжува својот пат во редовите на `Росонерите` откако во сезоната 2019/2020 постигна 12 гола на 30 меча, завршувајќи како најдобар стрелец во екипата“ – објавија од клубот.
Official Statement: Ante Rebić ➡ https://t.co/z7DsaFEKWZ
Comunicato Ufficiale: Ante Rebić ➡ https://t.co/1zftCXtoBv#ReadyToUnleash #SempreMilan pic.twitter.com/bgMcchEvws
— AC Milan (@acmilan) September 12, 2020
Претходно, Хрватот одигра 100 натпревари за тимот од Франкфурт.