Top Sport

Милан и Интер го бараат Оливие Жиру

Милан се заинтересирани да го донесат на „Сан Сиро“ напаѓачот на Челси, Оливие Жиру, но мал проблем може да претставува што и нивните градски ривали Интер се заинтересирани а Французинот.

Според „Скај спорт Италија“, Милан во моментов се преокупирани со можноста да го вратат Златан Ибрахимовиќ во Милано, но втора опција останува ветеранот Жиру. 33-годишниот Французин најверојатно ќе замине во јануари од „Стемфорд бриџ“ барајќи повеќе редовен фудбал во обид да се наметне за изборот на францускиот селектор Зинедин Зидан за Европското првенство следната година.

Меѓутоа, покрај Интер, за него биле заинтересирани и Борусија Дортмунд. Интер исто така се во трка, заедно со Милан за потписот на Родриго де Паул од Удинезе, кој се покажа како одличен фудбалер од следниот ред, иако проблем може да претставува сумата од 35 милиони евра која ја бара клубот од Удине.

Scroll to Top