Top Sport

Кастратовиќ останува тренер на Металург

Кратко траеше драмата во ракометниот клуб Металург, откако по состанокот со челниците на клубот тренерот Зоран Кастратовиќ остана на функцијата.

Кастратовиќ, претходно, си поднел оставка поради недоразбирањата што ги имал со одредени играчи.

Инаку Кастратовиќ е вториот тренер кој си поднесува оставка во клубот од почетокот на сезоната. Претходно Дамир Стојановиќ, кој само еден месец беше кормилар на „Металурзите“ реши да ја напушти Автокоманда.

Ракометарите на Металург за три дена ќе играат против Горење во ЕХФ купот. На Металург им е потребна победа со повеќе од пет голови разлика за да се пласираат во фазата по групи во ова натпреварување.

Scroll to Top