Top Sport

Азар: ПСЖ секогаш ќе ги одбивам, во Франција само во еден клуб

Еден Азар признава дека Пари Сен-Жермен во повеќе наврати му нуделе договор додека тој бил фудбалер на Челси, но дека постојано ги одбивал, бидејќи во Франција може да игра само за еден клуб.

Азар летово пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ откако стана суперѕвезда во Челси, каде што дојде од Лил, со кои двапати ја освојуваше наградата за најдобар фудбалер во Франција.

„Тие честопати се обидуваа да ме ангажираат, но не сакав да се враќам во Лига 1 доколку не се работеше за Лил. Секогаш им велев не. Беше јасно дека во Франција за мене има само еден клуб“, вели Азар.

Scroll to Top