Top Sport

Милан и Монца заинтересирани за Луис Суарез

Аргентинските и шпанските медиуми тврдат дека Милан и Монца се заинтересирани за потписот на ветернот Луис Суарез, кој е слободен агент по заминувањето од Атлетико Мадрид.

35-годишниот Уругваец беше блиску до преселба во Италија со Јувентус, пред да се случи скандалот за неговото добивање на италијанското државјанство, односно помошта при полагањето на испитот за познавање на италијанскиот јазик. Оваа епизода заврши со тоа што Суарез и Јуве беа ослободени од обвинувањата, но не и Универзитетот во Перуџа, кој и претходно беше под сомнеж дека помага при полагањето на тестовите за италијански јазик.

Според „ТуC Спорт“ во Аргентина и „Диарио АС“, Суарез добил понуда и од шампионот Милан и од новиот прволигаш Монца, со слични услови за годишна плата од 4 милиони евра. Суарез неодамна зборуваше за можноста за настап во американската МЛС лига, а неговиот агент призна дека тој одбил понуда од Фенербахче во Турција.

Scroll to Top