Top Sport

Ван Ерт му ја подари зелената маичка на фанот кој му позајми пумпа

Белгискиот победник на две етапи на овогодишната Тур де Франс, Вут ван Ерт му ја подари зелената маичка која ја носи како најдобар спринтер на еден од навивачите покрај патот, откако тој му помогна позајмувајќи му пумпа за неговите гуми.

Ван Ерт по крајот на 11. етапа, забележал дека неговата гума е дупната на надолнината по искачувањето на Кол ду Гранон на Алпите, а бидејќи луѓето од неговиот тим Џамбо-Висма беа далеку, на помош се најде еден гледач, кој му даде пумпа. Ван Ерт во знак на благодарност му ја даде зелената маичка која ја носеше.

Scroll to Top