Top Sport

Само Рома му нуди договор на Дибала

Рома е единствениот клуб кој му дал понуда на Пауло Дибала, откако Интер и Милан не го сметаат Аргентинецот како приоритет во летниот преоден рок, тврдат аргентинските медиуми.

Дибала е слободен агент откако Јувентус ја повлекоа својата понуда за продолжување на договорот, и тој беше на чекор пред трансфер во Интер, пред одлуката Ромелу Лукаку да се врати кај „нераѕурите“ да ги помести приоритетите на клубот.

Иако Милан се заинтересирани, според „ТуС спорт“, до агентите на Дибала пристигнала само понуда од Рома, која нуди 6 милиони евра, сума која му е прифатлива на Аргентинецот. Сепак, Рома не се во Лигата на шампиони, ниту пак се фаворити за скудетото, иако градат амбициозен тим под Жозе Мурињо. Доколку Дибала се согласи, тоа ќе значи дека Рома без проблем ќе го продаде Николо Ѕаниоло на Јувентус.

Надвор од Италија, Арсенал и Манчестер јунајтед се заинтересирани, но Аргентинецот не сака да се сели од Италија.

Scroll to Top