Top Sport

Милан им понудиле размена на Наполи – Елмас за Ребиќ

Лидерот во Серија А, фудбалскиот клуб Милан, покажал сериозен интерес за македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, тврдат италијанските медиуми.

Милан, сезонава со Наполи и Интер се боди за титулата во Серија А. Спортскиот директор Паоло Малдини, веќе работи на засилувањата за наредната сезона. На врвот на листата на желби покрај Португалецот, Ренато Санчез и напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги, се наоѓа и македонскиот репрезентативец Елмас.

Според медиумите во Италија, Милан на Наполи му понудиле трампа, Елиф Елмас за Анте Ребиќ.

Од оваа перспектива, тешко дека Наполи ќе го прифати овој дил. Причината е јасна, Елмас ја игра најдобрата сезона во Италија, додека Ребиќ, поради лошата форма и честите повреди, речиси и да не игра за Милан.

Наводно Наполи, доколку се реши да го продава Елмас, за него ќе бара најмалку 35.000.000 евра.

Scroll to Top