Top Sport

Садик Беј со 51 поен го растури Орландо

Само еден натпревар се одигра изминатата ноќ во НБА лигата. Детроит Писотнс славеа со 134:120 против Орландо Меџик. Натпреварот го обележа Садик Беј со 51 поен.

Беј, против Орландо беше незапирлив, погоди 10 тројки од 14 обиди (рекорд на франшизата). Постигна 21 кош во првата четвртина, на крајот во статистиката запиша 51 поен, девет скока, четири асистенции и три украдени топки.

Интересно ова е осми натпревар со 50+ поени на еден играч од почетокот на месецот. Претходно по два пати тоа го направија Леброн Џејмс (56, 50), Кајри Ирвинг (60, 50) и по еднаш Џејсон Тејтум (54), Кевин Дурент (53) и Карл-Ентони Таунс (60).

Scroll to Top