Top Sport

Тони Фергусон: Победник или поразен, секогаш однесувај се како шампион

Тони Фергусон му честиташе на Џастин Гетџи за фасцинантната победа над него на УФЦ 249, признавајќи дека тоа „едноставно не била негова вечер“.

36-годишниот „Ел Кукуј“беше фаворит во дуелот со Гетџи, кој беше замена за Хабиб Нурмагомедов, но во саботата навечер беше декласиран од американскиот ривал на Флорида и ја загуби својата преодна УФЦ титула во лесна категорија. Откако беше примен во болница по сите повреди кои ги доби, Фергусон, конечно, се јави на социјалните мрежи.

„Бушидо код! Го вративме спортот со класа. Победник или поразен, секогаш однесувај се како шампион. Ова едноставно не беше моја вечер. Честитки на Џастин Гетџи за добриот меч“, напиша Фергусон.

Фокусот сега се префрла на Гетџи, кој изгледа како најсериозниот кандидат за појасот на Нурмагомедов, откако одби да го носи преодниот појас, велејќи дека мора да стигне до „вистинскиот“.

УФЦ: Гетџи го „здроби“ Фергусон, па побара пресметка со Хабиб (видео)

Scroll to Top