Top Sport

Милан ја одбиле понудата на Трабзон за Бало-Туре

Трабзонспорт по пауза од 38 години ја освои шампионската титула во Турција, а со тоа избори пласман и во Лигата на шампионите. Во елитното натпреварување Трабзон не планира да има епизодна улога. Клупските челници планираат сериозно да го засилат тимот.

Одна од позициите на кои ќе се засилува Трабзон е позицијата лев бек. Познато е дека клубот покажува сериозен интерес за македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски.

Покрај за Алиоски, Трабзон покажале сериозен интерес и за играчот на Милан, Фоде Бало-Туре. Според италијанските медиуми, од Турција испратиле понуда во Милан тешка 3.000.000 евра. Милан ја одбиле оваа понуда, бидејќи пред само една година за францускиот фудбалер издвоија 5.000.000 евра.

Scroll to Top