Францускиот гигант Пари Сен Жермен ги договорил условите за трансфер на Рафаел Леао од Милан. „Светците“ ќе платат 70 милиони евра за одличниот Португалец и ова лето ќе го доведат во Париз.
Португалскиот фудбалер Рафаел Леао е едно од најголемите откритија во Серија А оваа сезона. Леао веќе имаше репутација на експлозивен и одличен напаѓач, а оваа сезона блесна во полн сјај и е меѓу најдобрите играчи во италијанскиот шампионат.
Португалецот со одличните игри привлече големо внимание од најбогатите клубови на денешницата, а се чини дека на крајот од сезоната ќе го напушти „Сан Сиро“.
Пари Сен Жермен фрли се заинтересира за 22-годишниот фудбалер и ќе направи се за да го доведе во своите редови, особено по извесното заминување на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.