Top Sport

Милан ќе го доведе Дивок Ориги

Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги, во летниот преоден рок ќе се пресели во Серија А и ќе го облече дресот на Милан. Како што откриваат италијанските медиуми, тој се договорил за соработка со гигантот од „Сан Сиро“.

Ориги во Милано ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона, плус дополнителни 500.000 евра како бонуси.

Ориги одамна не е во прв план кај менаџерот Јирген Клоп, но во изминатите сезони постигна неколку важни голови за тимот, пред се погодокот против Барселона во антологискиот реванш на „Енфилд“ за пласман во финалето на ЛШ.

Scroll to Top