Според белгискиот весник „Ле дорниер ор“, Милан веќе му понудил на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маруан Фелаини тригодишен договор уште минатата недела, но Белгиецот уште не одлучил дали да се откаже од борбата за место во првиот тим на „Олд Трафорд“.
Ова не е првпат Фелаини да е поврзуван со „росонерите“, и тој се вклопува во идејата на тренерот Џенаро Гатузо за ангажирање на искусен играч со титули зад себе, кој ќе ја зголеми самодовербата на релативно младиот тим на Милан.
30-годишниот Фелаини од 30 јуни е слободен играч, а Манчестер јунајтед се обидува да го задржи во тимот.
Фелаини има 5 гола и една асистенција во 23 натпревари оваа сезона.
Фото: ЕПА