Top Sport

Жалгирис во луд финиш до бронзата во Евролигата (видео)

Жалгирис од Каунас го освои третото место во кошаркарската Евролига, откако со 79:77 во драматичен финиш беше подобар од фаворизираниот тим на ЦСКА Москва.

Литванскиот клуб беше во водство во поголемито дел од мечот, од дури 23 поени разлика на почетокот на последната четвртина, кога  Михаил Кулагин имаше фантастично шоу со три тројки и едно слободно фрлање ги враќа Русите во игра. При 79:77, ЦСКА дури имаше и напад за продолжение, но на крајот Литванците славеа во Белград.

Василије Мициќ имаше 15 поени за Жалгирис, додека за ЦСКА најефикасен беше Михаил Кулагин со 14 поени, а Кори Хигинс уфрли 12.

Големото финале меѓу Реал Мадрид и Фенербахче стартува во Белград во 20 часот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top