Top Sport

Милан му нуди 7 милиони евра годишно на Рафаел Леао

Италијанскиот шампион Милан ја зголеми понудата кон Рафаел Леао во обидот да го убеди португалскиот интернационалец да потпише нов договор и да остане на „Сан Сиро“. Раководството на „росонерите“ му нуди годишна плата од 7 милиони евра, откако претходната беше 6,5 милиони евра.

Договорот на Леао со Милан е до летото 2024 година, но на фудбалерот итно му е потребна огромна сума пари затоа што му беше наложено да плати 21 милион евра на неговиот поранешен клуб Спортинг Лисабон поради незаконски раскин на договорот со него.

Најсериозен кандидат за ангажман на Рафаел Леао е Манчестер Сити кој му нуди многу поголема плата од Милан. „Граѓаните“ се подготвени да му исплаќаат 12 милиони евра по сезона.

Scroll to Top