Фудбалскиот клуб Милан ги започнал преговорите со голманот Џиџи Донарума околу неговиот нов договор.
Според италијанските медиуми Милан не сакале да останат без талентираниот голман поради што биле подготвени да му понудат повеќе годишен договор.
Предлогот на Милан бил Донарума да потпише договор до 2023 или 2024 година.
Милан биле подготвени да вметнат клаузула во договорот според која за одредено обесштетување голманот би можел да си замине доколку клубот не избори пласман во Лигата на шампионите.