Галатасарај го обновиле интересот за фудбалерот на Милан, Хакан Чалханоглу. Турскиот репрезентативец стана член на Милан во 2017 година, кога Италијанците на платија 22 милиони евра за неговите услуги.
Галатасарај летово покажуваа интерес за Чалханоглу, меѓутоа не испратиле конкретна понуда во Милан. Сега според турските медиуми тие понудиле шест милиони евра кои експресно биле одбиени.
Според шпекулациите Милан би го продале 25 годишниот фудбалер во јануарскиот преоден рок, но за сума од околу 15 милиони евра.