Top Sport

Милан останува „заложник“ на кинеските сопственици

Иако беше најавено дека денеска ќе се комплетира договорот за продажба на италијанскиот гигант Милан на американскиот милијардер Роко Комисо, на крај кинеските сопственици предводени од Ли Јонгхонг се откажале во последен момент.

Според „Газета дело спорт“, дијалогот меѓу сегашниот претседател Ли и Комисо биле прекинати откако Ли, вторпат во преговорите, решил да стане од преговарачката маса иако имало постигнат договор, откако истото се случи во преговорите пред три недели.

Весникот додава дека Комисо е разочаран што нема да има никакви промени во Милан, посебно бидејќи шпекулациите велат дека УЕФА ќе ги казни со 30 милиони евра и со исфрлање од Лигата на Европа поради непочитување на финансискиот фер-плеј.

Понудата на Комисо вклучувала исплата на долгот на американската инвестициска компанија „Елиот менаџмент“ и влез на околу 150 милиони евра во Милан, додека Ли би останал малцински сопственик со 30 отсто од акциите, а во исто време би се разработил проект за изградба на нов стадион.

Според „Газета“ станува јасно дека Милан, седумкратниот европски шампион останува „заложник“ на Ли и на „Елиот менаџмент“ со многу неизвесна иднина.

Фото: ЕПА

Комисо утре го презема Милан?

Scroll to Top