Фудбалскиот клуб Милан покажал сериозен интерес за Холанѓанецот Ноа Ланг. Клубот вчера ја остварил првата средба со менаџерот на 22-годишниот фудбалер на Клуб Бриж. Медиумите тврдат дека трансферот би можел да биде реализиран во зимскиот преоден рок.
Ланг, од почетокот на сезоната, настапил на 10 натпревари, постигнал три гола и забележал четири асистенции. Холанѓанецот има договор со Клуб Бриж до јуни 2025 година.
Интерс за него покажува и Арсенал.
Според медиумите, Клуб Бриж нема да се противи на трансферот, доколку Милан плати за Ланг 40 милиони евра.