Top Sport

Голманот Милиќ го напушти Вардар

Ракометниот шампион на Македонија, Вардар, пред неколку дена под палката на новиот тренер Гарсија Парондо и со изменет состав ги започна подготовките за новата сезона, а тимот веќе ги доживува првите потреси.

Вардар, денес потврид, на својата интернет страница дека, голманот кој требаше да го наследи Арпад Штербик на голот, Страхиња Милиќ, спогодбено го раскинал договорот.

Милиќ во Вардар пристигна во 2012 година и во новата сезона требаше да биде играчот со најдолг стаж во црвено-црниот дрес.

Прекумерната тежина на Милиќ, била причината поради која тој решил да го напушти тимот. Имено, новиот тренер Парондо, бил незадоволен, што Милиќ не се појавил со помалку килограми на почетокот на подготовките, поради што реагирал и клубот.

Вардар, поради тоа барал корекција во договорот на популарниот Џамбо, односно намалување на платата. Милиќ овој предлог не го прифатил, поради што двете страни се согласиле спогодбено да го раскинат договорот.

Милиќ е уште еден играч од шампионската генерација на Вардар што го напушти клубот. По завршувањето на сезоната покрај творецот на шампионската генерација Раул Гонзалес и неговиот помошник Давид Дејвис Камара, од Вардар заминаа: Лука Циндриќ, Жоан Канељас, Хорхе Македа, Илија Абутовиќ, Мијајло Марсениќ и Арпад Штербик.

Scroll to Top