Милан закажале средба со менаџерскиот тим на Оливие Жиру во обид многу бргу да го потврдат продолжувањето на неговиот договор, јавува „Тутомеркато“.
36-годишниот Французин беше клучен играч во тимот на Стефано Пиоли во шампионската сезона, постигнувајќи 11 гола во 29 меча во Серија А во својата дебитантска сезона во Италија, а добрата форма ја продолжи и оваа сезона со 9 гола во 19 меча за „росонерите“. Според „Тутомеркато“, Милан ќе имаат состанок со агентите на Жиру и ќе му понудат едногодишно продолжување на договорот (до 2024) со плата од 3.2 милиони евра плус бонуси.
Жиру стана најдобриот стрелец во историјата на француската репрезентација на СП во Катар, поминувајќи го Тјери Анри со 53 гола во 120 меча. Тој постигна четири гола во Катар.
TMW – Milan-Giroud, a gennaio nuovo incontro per il rinnovo: offerta da 3,2 mln più bonus fino al 2024 https://t.co/ybhCXCbsyZ
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) December 30, 2022