Top Sport

Милан Ристовски: Пропуштивме шанси и да победиме

Топспорт во Разград,
Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1:1 против Бугарија на почетокот на новиот циклус во Лигата на нации. Стрелецот на голот за нашиот национален тим, Милан Ристовски, вели дека, сепак, нашиот национален тим немаше најдобар ден.

„Верувавме дека можеме да победиме, создадовме повеќе шанси, бевме подобри, но не ги реализиравме. Мислам дека немавме најдобар ден, не бевме на врвно ниво. Сепак, можевме до победа ако ги реализиравме шансите“, изјави стрелецот Милан Ристовски.

Селекторот Благоја Милевски нема што да им замери на фудбалерите. Вели дека во овој период го дале максимумот, со оглед дека не се во натпреварувачка форма.

„Ја контролиравме играта во текот на целиот натпревар. Не заслуживме да губиме по првото полувреме, а во второто полувреме брзо израмнивме и се чини дека заслуживме и повеќе. Но, ни недостигаше подобра реализација. Сепак, освен Алиоски и Трајковски, во овој период сите други фудбалери се надвор од тренажен процес“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Scroll to Top