Top Sport

Милан сака да го доведе и Пулишиќ од Челси

Италијанскиот калчолигаш Милан активно преговара со Челси околу трансферот на Кристијан Пулишиќ. Откако се договорија со клубот од „Стемфорд бриџ“ за доаѓањето на Рубен Лофтус-Чик за 16 милиони евра фиксно обештетување и четири милиони бонуси, сега „росонерите“ го сакаат и крилниот напаѓач.

Милан не сака да ја плати бараната отштета од 25 милиони евра, па преговорите сѐ уште траат. Раководството на италијанскиот клуб се обидува да го доведе Пулишиќ и на едногодишна позајмица.

Американскиот фудбалер е заинтересиран за трансфер на „Сан Сиро“, затоа што веќе добил инструкции од новиот менаџер Маурисио Покетино дека нема да добие голема минутажа во новата сезона.

 

Scroll to Top