Top Sport

Милан сака да го врати Алегри

Милан е во очајна форма. Тие се без победа на четири меча во Серија А (три порази и едно реми), а тренерот Серж Консеисао се соочува со отказ.

Милан поради лошите резултати му врачи отказ на Паоло Фонсека. На неговото место дојде Серж Консеисао, но неговиот ангажман на клубот му донсе само инстант успех. Неколку добри резултати по неговото доаѓање, меѓу кои е и освоениот Суперкупо на Италија.

Кога помина почетниот период, тимот повтоно влезе во криза. Започна со елиминацијата од Феенорд во Лигата на шампионите, а продолжи со лошите резултати во Серија А.

Според италијанските медиуми, доколку Милан вечерва не го победи Лече, Португалецот би можел да добие отказ.

„Газета дело Спорт“, пишува дека Милан има сериозен план да го врати Масимилијано Алегети на клупата. Познатиот стручњак е без работа откако го напушти Јувентус.

Тој веќе го освои Скудетото со Росонерите и затоа е прв избор на раководството на клубот. Како кандидати се споменуваат Роберто Де Зерби и Цеск Фабрегас, но за нив на „Сан Сиро“ би можеле да размислуваат дури по завршувањето на сезоната, бидејќи одлично работат во Олимпик Марсеј, односно Комо.

Scroll to Top