Никола Јокиќ, изминатата ноќ против Феникс, одигра историски натпревар. Денвер, надополни негатива од 21 поен и по едно продолжение го победи Феникс со 149:141.
Јокиќ стана првиот играч со најмалку 30 поени, 20 скока и 20 асистенции на еден натпревар.
Актуелниот МВП во НБА лигата, натпреварот го заврши со 31 поен, 21 скок и 22 асистенции.
Јокиќ успеа да оствари трипл-дабл во двете полувремиња, нешто што никому досега не му успеало во НБА.
Во првото полувреме имаше 13 поени, 10 скока и 11 асистенции, додека во вториот дел имаше 18 поени, 11 скока и 11 асистенции.
Исто така постигна рекордни 22 асистенции, кога се во прашање високите играчи, го собори рекордот на Вилт Чембрлен стар 57 години за асистенции (21).
Интересно е што на врвот на оваа листа се појавуваат само имињата Никола Јокиќ и Вилт Чембрлен.
Јокиќ досега во кариерата имал уште еднаш 19 асистенции, двапати 18, три пати 17 во НБА натпревар…