Top Sport

Милан сака да го врати Мората во Серија А

Италијанскиот калчолигаш Милан може да го врати Алваро Мората во Серија А, пишува „Газета дело спорт“. Клубот е насочен кон напаѓачот на Атлетико Мадрид за евентуално засилување во нападот во текот на летниот преоден рок.

Мората веќе има големо искуство во италијанската елита, благодарение на неговите два периоди во Јувентус меѓу 2014 и 2016 година, како и меѓу 2020 година и 2022 година, со вкупно 35 голови на 130 натпревари во Серија А.

Неговиот договор со шпанскиот клуб истекува следната година, што е во корист на „росонерите“, бидејќи цената на играчот ќе падне до 20 милиони евра.

30-годишниот играч, кој вечерва ќе дебитира како капитен на Шпанија, уште во 2017 година беше поврзуван со Милан, но потоа се пресели во Челси. Во тековната сезона постигна 12 гола и забележа три асистенции во сите натпреварувања.

Scroll to Top