Top Sport

Мбапе ќе одлучи ПСЖ или Реал по дуелот во Лигата на шампионите

Килијан Мбапе ќе одлучи каде ќе продолжи следната сезона по големата пресметка во Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен-Жермен и Реал Мадрид, тврди шпанскиот „АС“, додавајќи дека „кралевите“ се сигурни дека ја имаат предноста во трката за 23-годишната мегаѕвезда.

И покрај неговата блескава форма на „Паркот на принцовите“ оваа сезона (како и претходните), иднината на францускиот репрезентативец е неизвесна, откако тој одби да го продолжи договорот со ПСЖ, а во текот на летото Реал Мадрид имаа „храбар“ (и скап) обид да го донесат во тимот.

Според „АС“, тој уште нема одлучено која понуда ќе ја прифати иако од 1 јануари ќе може да потпише пред-договор со следниот клуб, така што ќе почека пред пресметката во ЛШ на крајот на февруари. Сепак, претседателот на клубот, Насер Ал-Хелаифи, наводно, веќе се помирил со судбината дека Мбапе ќе замине во Реал Мадрид, посебно бидејќи тренерот Маурисио Почетино не може да ја контролира ситуацијата со ѕвездите во клубот.

Сепак, на 23. роденден на Мбапе, соиграчите на Мбапе јасно порачаа што посакуваат, фотографирајќи се со дрес на кој пишуваше „Мбапе 2050“, приказна која ја сподели Хуан Бернат, а на која беа и Серхио Рамос, Андер Ерера, Ашраф Хакими и Џиџи Вајналдум. Сагата, само, што започнува.

Scroll to Top