Top Sport

Милан само со реми на тешкото гостување кај Аталанта

Актуелниот италијански шампион Милан се намачи да стигне до 1:1 реми на гостувањето кај ломбардискиот ривал Аталанта во интересен меч од второто коло во италијанската Серија А.

Руслан Малиновски ги донесе домаќините во водство во 29. минута, а потоа иако „росонерите“ имаа повеќе од играта и од поседот на топката, мораа да почекаат до 68. минута за да израмнат преку Исмаел Бенасер.

Нерешено беше и меѓу Болоња и Верона, кои ги освоија првите поени во новата сезона. Марко Арнаутовиќ во 21. минута од мечот, пред Томас Анри во 43. минута да израмни. Рикардо Орсолини беше „несреќникот“ на мечот, откако во 44. минута му беше поништен гол поради офсајд, за во 78. минута од мечот да добие црвен картон.

СЕРИЈА А, 2.КОЛО
Аталанта – Милан 1:1
Болоња – Верона 1:1

Scroll to Top